Skip to main content

Концерт на чалгии, престава за деца и театарска премиера

Започнува музичкото загревање на предновогодишната атмосфера во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
teatar
театар

Започнува музичкото загревање на предновогодишната атмосфера во Охрид. На 27 декември во четврток, од Центарот за култура го најавуваат музчкиот концерт
на бендот „Чалгија саунд систем“. Концерт кој ќе придонесе за прекрасно расположение кај љубителите на чалгаџиската музика, информира директорката  на центарот за култура Драгана Боцевска.   

„ Бендот „Чалгија саунд систем“  ја негува чалгаџиската музика и ќе изведе прекрасни песни  од регионот. Овој бенд ќе приреди пред новогодишна атмосфера и ќе предизвика  позитивни чувства кај публиката“, кажува Боцевска.  teatar

 На 28 декември е предвиден концертот „4 годишни времиња“ наменет  за најмладите.  Во детската претстава учествуваат најмладите од детската градинка „ Јасна Ристеска“, КУД „ Отекс“, Студиотот за модерни танци и балетското студио „ Виза Ви“ на Јулија Милески. За радоста да бид епоголема кај најмалите на концертот ќе пристигне и Дедо Мраз. Овој проект е финансиски поддржан од Министерството за култура. Директорката Боцевска најавува дека наскоро ќе пристигне и кино опремата потребна за подобрување на филмските проекции во кино салата.


„ Опремата веќе ја чекаме , постојано сме во комуникација со  филмскиот фонд , ни кажаа дека опремата ќе пристигне на крај од годината. Но, тоа е процедура дали ќе  е на крај од оваа или на почетокот од идната година ветуваме прикажување на повеќе квалитетни  филмови.“

Од Центарот  за култура за идната година најавуваат, покрај  филмска, исто така и богата театарска програма. За љубителите на театарската уметност нова премиера ќе има и на самиот крај од оваа година, поточно премира  на нов театарски  проект  на охридксиот театар ќе има на 30 декември.  

{loadposition content9}