Skip to main content

Концерт на музичка младина со барокна музика

Концерт на музичка младина со барокна музика.

 |  Валентина Неловска  | 
percan
percan

Камерниот оркестар на музичка младина настапува во Св. Софија. Оркестарот има долга традиција на присутност на Фестивалот Охридско лето. Вечерва настапуваат по 29-ти пат  со дела од барокниот период. Емилио Перцан е раководител на камерниот оркестар за овој концерт. Тој својата доедукација ја посветил на барокната музика, најавува музичкиот селектор  Гордана Јосифоска Неделкова,
muzicka mladina
„ Посебно ни е драго што Емилио Перцан,  години наназад беше член на камерниот оркестар на музичка младина. Како фестивал,  музичка младина, но и како на педагози посебно ние драго кога нашите ученици со врвна едукација достигнуваат голем успех и во одреден период тие  стануваат дел од фестивалот како раководители на проекти.“

Диригентот на камерниот оркестар, Емилио Перцан за вечерва избрал посебна програма со дела од барокниот период. Се радувам што вечерва сум дел од фестивалот со оркестарот на македонски студенти,  по последното гостување во 2007 година со музичари  од Германија, кажува Перцан.
ohridsko leto

 

„ Овој пат ми е задоволство да работам со македонски студенти и оркестарот на музичка младина од која и јас бев дел пред многу години. Одбрав италијанска програма, барок според мене е најитересниот дел од последниот стадиум на барокната ера.“

Програмата е составена од дела на познатите и помалку познати композитори од барокниот период како што се Вивалди, Корели, Дуранте и Далабако,најавува Перцан.

{loadpsoition content9}