Skip to main content

ЛДП реагира поради издавањето на езерото под концесија

ОО на ЛДП јавно го искажа својот револт поради издавањето на охридското езеро под концесија.

 |  Маленкова Татјана  | 
ldp pres
ldp pres

ЛДП е смета дека многу е рано Охридското Езеро да се дава под концесија за стопански риболов, затоа што како што велат сеуште не е стабилизиран рибниот фонд во езерото, а одлуката за давање под концесија била избрзана и бесмислена. „Неофицијално, идниот концесионер е избран и веќе има склучено договор. Договорот се однесува за период од 6 години, а концесионерот има обрска на државата за истиот тој период да и исплати 12 милиони денари, а да за таа сума, добива дозвола да улови 20 тони пастрмка и 1200 тони плашица. Со овој договор, треба да се вработат и 24 рибари што значи дека ќе се зголеми бројот на мрежите во езерото. За илиустрација, со поставување на овие мрежи од страна на сите рибари, истите ќе зафаќаат 80 км од езерото, што е навистина премногу“, вели претседателот на ОО на ЛДП Дејан Блажески.


„Загрижува и податокот дека икра зрната за мрестење оваа година од лани се драстично намалени, односно dejan Blazeski LDPод 1900000 икра зрна лани , оваа година имаме 1300000 икра зрна, само во Охрид. Покрај другото, недозволиво е да се даде ловење на видови на риби како што се кленот и скобусот, за кои Хидробиолошкиот завод не поседува материјал за мрест. ЛДП сака да ја информира јавноста дека во Охрид и Струга , во подрачните единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство работат само 5 инспектори. Подрачното министерство, не поседуваа никакво средство за превоз на вода, а тоа е основно средство за работа“, вели Дејан Блажески, претседател на ОО на ЛДП.

Блажески додава дека подрачното министерство за земјоделство, шумартсво и водостопанство без основното средство за работа, запленале околу 2000 мрежи, кои на драматичен начин ги запали министерот, а про тоа биле напишани само неколку пријави.

„ЛДП прашува, зошто се игнорираат укажувањата од страна на екологистите, риболовните друштва, како и експертите и зошто се избрзува со донесувањето на вакви одлуки?ЛДП предлага, Владата да оснива Агенција за управување со рибниот фонд во езерата во Република Македонија. Исто така, бараме од Владата да поработи повеќе на искористување на средствата од фондовите на ЕУ за подобрување на заштитата на охридската пастрмка, што подразбира и регулирање на меѓусебните обврски со Албанија“, вели Блажески.

Од ОО на ЛДП додаваат дека има многу теми кои во моментов им сметаат, и дека за истите јавно ќе проговорат на пресс конференции кои ќе ги одржуваат редовно.

{loadposition content9}