Концесионерите без договори со Комуналец
Концесионерите на плажите, по се изгледа ги интересира само заработката, а не и имиџот на Охрид како туристички центар.
Концесионерите на плажите, по се изгледа ги интересира само заработката, а не и имиџот на Охрид како туристички центар. Иако туристичката сезона не е официјално започната, на охридските плажи се присутни и првите капачи. Но, ниеден концесионер досега не потпишал договор со Комуналец за подигање на сметот од нивниот простор, вели првиот човек на Јавното претрпијатие, Сашо Алче.
„За разлика од лани ниеден закупец не е дојден во Комуналец да склучи договор за подигање на смет.Она што ние тешко е што не знаеме кој стопанисува со плажата. Со закупците се склучуваат и други договори со подзакупувачи и фирми, а ние како Јавно претпријатие не знаеме кој стопанисува со тие делови од плажите“.
Комуналец ќе го спасува образот на градот и редовно ќе ги чисти плажите на брегот. Нема да влегуваме во конфликт со закупците и Министерството за транспорт и врски, кој според законот за јавна чистота, се должни да склучат договори за подигање на сметот од плажите, вели Алче. Во интерес на туристите и охриѓани од 15 јуни ќе почнеме да ги чистиме плажите и нема да ги оставиме со отпадоци, додава директорот. Оставаме на инспекциските органи да постапат според нивните овластувања и да утврдат кој нема склучено договори според законот, продолжува Сашо Алче. Тој објаснува дека концесионерите при плаќањето ќе имаат олеснувачки околности и треба да платат од 2000 до 15.000 денари за одржување на хигиената на плажите.
„Висината на износот на договорите за подигање на комуналем смет е во зависност од површината со која стопанисува концесионерот. Како Јавно претпријатие излеговме во пресрет и не ја вкалкулиравме целата површина на плажите туку само делот на кафаните, рестораните и шанковите“.
И годинава продолжува недостатокот од комуникација помеѓу Комуналец и Министерството за транспорт и врски, додава првиот човек на комуналното претпријатие. Локалната самоуправа ќе го спасува имиџот на градот и за одржување на хигиената, ЈП Комуналец во буџетот испланирал 1 милион денари за двомесечно подигање на сметот од охридските плажи.
{loadposition content9}