Концесионерот на езерото бара забрана за лов на Охридската пастрмка од македонска и албанска страна
Концесионерот на езерото бара забрана за лов на Охридската пастрмка од македонска и албанска страна.
10 годишна тотална забрана за лов на охридската пастрмка бара концесионерот на езерото. Бараат измени на риболовните основи за лов и на другите видови риба во езерото. Иако во изминативе 5 години имавме успешни мрестови и физичка заштита на езерото сепак тоа не е доволно да се возобнови популацијата на рибниот фонд, укажува Ристе Танасоски концесионер од „ Охридска пастрмка 2012“. Нивното концесионерство е во важност до агуст 2018 година, а во меѓувреме побарале од ресорното министерство да забранат лов на пастрмка. Предлагаат да се постави концесионер кој заедно со надлежните инситуции од македонска и албанска страна ќе ги усогласат прописите, Законот за риболов, Риболовните основи и сите правилници кои произлегуваат од нив.
„ Она што ни беше напишано во риболовната основа од 2011 ни пишува дека треба да изловиме 40 тони пастрмка во текот на концесионерството, но ние не изловивме ни 2 посто. Ние сметаме дека само со вакви мерки ќе ја возобновиме охридската пастрмка но мора да нагласам дека е потребна соработка со сите надлежни институции“, посочува Танасоски.
Мерка целосна забрана на лов на пастрмката ако не се имплементира и од албанска страна резултатите ќе бидат мали, вели Зоран Спирковски од Хидробиолошкиот институт Охрид. Од институтот се задоволни од годинешниот лов на Охридската пастрмка за вештачки мрест. На потегот од Охрид, Пештани и Трпејца уловиле 1478 единки од кои 693 машки и 785 женски единки и собрале 2.200.000 икра, наведува Зоран Спиркоски од Хидробилошкиот завод.
„Ја собравме за пократок временски период од колку лани бидејќи рибата што се ловеше беше со поголеми димензии и даваше повеќе зрна икра . Температурата на водата од 4 до 6 степени овозможуваше единките да се спремни за мрест, а од аспект од билогијата го погодивме моментот оваа година да има голема количина со извонреден квалитет“ , подвлекува Спиркоски.
На струшкиот дел биле собрани 600.000 икра. Бројот на собрана икра е во очекуваните рамки и приближно иста со уловената икра во изминатите години. Се планира во езрото да бидат пуштени околу 2 милиони подмладок Охридска пастрмка со тежина до 7 грама, посочува Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт.