Skip to main content

Младински центар Охрид

Конференција за младинско претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни”  

Конференцијата претставува одлична можност за вмрежуваме на младите и размена на идеи преку дискусија и информално учење.
 |  инфодеск  | 

Младински Центар Охрид организира Конференција за младинско претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни.”  

На 29 номеври (среда) со почеток во 10 часот  ќе се одржи Конференција насловена „Иновации, млади и успешни бизнис приказни.”   посветена на младинската вработеност, претприемништвото, иновации и образованието за претприемништво.

„Конференцијата претставува одлична можност за вмрежуваме на младите и размена на идеи преку дискусија и информално учење.“ – велат организаторите.

Конференција се состои од 3 дела, и тоа:

1.Панел дискусија, на која говорници ќе бидат:

Г-дин Бојан Кордалов, Комуниколог (модератор на панелот)

Г-дин Aлмир Рахимоски, Менаџер на операции The Perfect RIA

Г-a Емилија Колоска, Директор на маркетинг, Vinbee Natural Honey

Г-дин Јаков Јовановски, Проектен менаџер, Startup Macedonia

2.Младински круг: „Претприемништво и вработување на млади”

Г-дин Иво Ристески, Младински работник во МЦО

Г-а Ангела Митеска, Младински работник во МЦО

Дискутирање за предизвиците и можностите за вработување на младите, промовирање на претприемништвото и истражување на стратегии за поттикнување на претприемачкиот начин на размислување кај младите.

3.Работилница за развивање бизнис идеја

Проф. Војо Илоски