Skip to main content

Примарно здравство

Kонференција за општа и семејна медицина во Охрид

„Општата и семејна медицина во состав на здравствената грижа“ е мотото на годинешната конференција која се одржува во Охрид. На отворањето свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.
 |  инфодеск  | 
Конференција

Со свое обраќање вчеравечер Градоначалникот Кирил Пецаков свечено ја отвори 7-та конференција на лекарите од општа и семејна медицина на Југоисточна Европа, која до 19-ти јуни ќе се одржува во Охрид.

Овој академски собир е еден од најголемите во областа на општа и семејна медицина на Југоисточна Европа и затоа верувам дека од него ќе произлезат значајни податоци и научни заклучоци, кои ќе дадат нов импулс во третманот и негата на пациентите во примарното здравство– истакна Градоначалникот Пецаков.

Се надевам дека преку заедничка заложба и размена на искуства, ќе се избориме, сите граѓани да добијат квалитетна и навремена примарна здравствена заштита, а медицинскиoт кадар, достоинствени услови за работа – потенцираше Пецаков.

Мотото на годинешната конференција е „Општата и семејна медицина во состав на здравствената грижа“ и на нea ќе замат учество предавачи, професори и доктори од праксата од различни земји на ЈИЕ и пошироко. Конференцијата ќе овозможи размена на искуства и идеи од областа на општата/семејна медицина, нејзината улога во здравствениот систем, особено во решавањето на пандемијата со Ковид – 19.

Организатор на конференцијата е Асоцијацијата по општа/семејна медицина на Југоисточна Евбропа и македонското Здружение по општа/семејна медицина.