„Конгресите ни помагаат да согледаме до каде сме стигнати со развој на научната мисла, научно- истражувачката работа на медицинската пракса кај нас во однос на земјите кои се учесници на вакви конгреси. Тоа го покажа и денешниот настан Конгресот на дерматовенеролози“, истакна градоначалникот Кирил Пецаков, на вчерашниот настан.
Овој собир претставува значаен настан дотолку повеќе што учествуваат голем број доктори, универзитетски професори, членови на Академии од регионот и Европа.
Особена чест ми претставува што овој научен собир се одржува токму во Охрид. Охрид можеби е најидеалниот град за организирање на вакви настани, бидејќи тука може да направите симбиоза помеѓу учењето и уживањето во раскошните убавини кои природата несебично ги распослала во Охрид – додаде Пецаков.