Skip to main content

Шести по ред

Конгрес на македонски еколози во Охрид

Шестиот конгрес на македонските еколози, со меѓународно учество ќе се одржи во Охрид, во периодот од 15-ти до 18-ти октомври.
 |  инфодеск  | 
Охрид градба езеро

Од 15-ти до 18-ти октомври во Охрид ќе се одржи Шестиот конгрес на македонските еколози, со меѓународно учество. На конгресот ќе се одбележат 50 години активно дејствување на Македонското еколошко друштво.

Одржувањето на овој конгрес е од големо значење за македонските еколози, со оглед на тоа што ова е единствен научен собир од ваков тип кај нас.

На конгресот се очекува да учествуваат повеќе од 200 научни работници од земјава и од странство, со свои научни трудови од областа на екологијата и заштитата на животната средина.

Работата на конгресот ќе се одвива во повеќе секции, кои се однесуваат на проучување популации и екосистеми, хидробиологија, управување со води и мониторинг, биодиверзитет и заштита, шумарство и земјоделство, управување со природни ресурси, загадување и заштита на животната средина, промени во животната средина и еколошка едукација – велат организаторите.

Од своето формирање во 1972 година, Македонското еколошко друштво ги обединува професионалните еколози од различни струки од Република Македонија, со цел промовирање на екологијата како наука, унапредување на еколошката едукација и заштита на животната средина и природата.