Општина Охрид распиша конкурс за лого на Советот за превенција на детско престапништво

Општина Охрид распиша конкурс за избор на идејно решение за заштитен знак – лого на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво.
Право на учество имаат учениците од средните училишта на територијата на општина Охрид. Логото треба визуелно да ја претставува превенцијата на детското престапништво, а секој учесник треба да достави две идејни решенија, од кои едното ќе го содржи целосното име на Советот.
Предлозите треба да бидат изработени во боја, со соодветни технички спецификации и во векторски формат AI (Adobe Illustrator). Учесниците конкурираат под шифра, во затворен плик.
Крајниот рок за доставување на идејните решенија е 5 ноември 2026 година, до 12 часот. Пријавите се доставуваат во архивата на Општина Охрид или по препорачана пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, Охрид.
Повеќе информации за условите и начинот на учество се достапни во целосниот конкурс [К О Н К У Р С ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ЗАШТИТЕН ЗНАК-ЛОГО НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА ДЕТСКО ПРЕСТАПНИШТВО НА ОПШТИНА ОХРИД – Ohrid.gov.mk].




