Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски”
Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа и член 18 од Статутот, Советот на општина Охрид распишува
КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”
По повод 8-ми Декември – „Св.Климент Охридски”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2024 година.
Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година.
- Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.
- Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.
- Повелбата може да се додели максимум на пет добитници.
- Конкурсот трае 15 календарски дена од денот на објавувањето.
- Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
- Пријавите да се достават во затворен плик на адреса: ул.„Димитар Влахов” бр.57, со назнака:
За Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”.)
Совет на општина Охрид
Претседател,
Перчо Божиновски