Skip to main content

НУ Центар за култура „Григор Прличев“

Kонкурс за фестивалот „Охридски староградски средби“

Сите заинтересирани ансамбли, хорови, групи и поединци што ги негуваат староградските фолклорни традиции можат да аплицираат и да достават пријава за учество на фестивалот.
 |  инфодеск  | 
Охридски староградски средби

Националната Установа Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид е организатор на фестивалот ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ. Фестивалот се оддржува во првата половина од месец септември 2024 година. Сите заинтересирани ансамбли, хорови, групи и поединци што ги негуваат староградските фолклорни традиции можат да аплицираат, да достават пријава за учество на фестивалот на маил адресата од Центарот за култура: centarzakultura_ohrid@yahoo.com / или по пошта на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски Просветители” бр. 4, 6000 Охрид, се вели во соопштението од НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид.