Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ од Охрид го објави конкурсот за упис на студенти на втор циклус студии за академската 2024/2025 година.
-УНИТ Охрид нуди уникатна можност за специјализација и усовршување во неколку стратешки насоки, вклучувајќи информатички науки, мрежна безбедност, роботика, и дигитална бизнис аналитика. Придружете се на едно од водечките образовни институции во Македонија и остварете ги вашите академски и професионални цели, посочуваат од универзитетот.
Од универзитетот информираат дека студентите можат да одберат од следните програми:
Факултет за комуникациски мрежи и безбедност студиски програми на втор циклус
– Информатички науки и технологии – едногодишни (60 ЕКТС)
– Информатички науки и технологии – двегодишни (120 ЕКТС)
Факултет за компјутерски науки и инженерство – студиска програма на втор циклус
– Компјутерска техника и информатика – едногодишни (60 ЕКТС)
Факултет за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика – студиска програма на втор циклус
– Информатичка и мрежна безбедност, приватност и заштита на податоци– двегодишни (120 ЕКТС)
Факултетот за информатички и комуникациски науки – втор циклус – студиска програма на втор циклус
– Дигитална бизнис аналитика – едногодишни (60 ЕКТС)
Конкурсот е објавен на веб страната https://uist.edu.mk/open-call-for-enrollment-in-second-cycle-studies-for-academic-2024-2025/, а рокот за пријавување е до 29.11.2024.
Повеќе инфомации за запишување и аплицирање заинтересираните студенти можат да се информираат на линкот.