Skip to main content

Засилени контролите на храната во летниов период

Агенцијата за храна и ветеринарство во летниот период ги засили контролите.

 |  Маленкова Татјана  | 
hrana
храна

Се испитуваат рестораните, сендвичарите, слаткарниците, пекарите, зелените пазари.  Од Центарот за Јавно здравје пак велат дека  од почетокот на годината тие во лабораторијата исконтролирале 160 примероци од прехранбени производи од најразлични видови, од готови јадења, до слаткарски производи, сладолед, меса, млечни производи. Од нив 9 производи биле неисправни.

„Неисправноста не се должеше само на присуство на бактерии, или неисправна декларација, недостаток на одреден параметар. Дел од производите не биле доволно кавалитетни, на пример масленоста во млекото била пониска од она што е декларирано, и тој примерок ставаме дека не одговара. Можеби 7 до 10% од примероците биле микробиолошки загадени односно содржеле штетни бактерии за што веднаш од наша страна е алармирано до инспекциските служби и сето тоа си зема одреден тек односно се санкционира или тој што ги произведува или се затвора објектот. Во секој случај се престанува со производство и промет на таков прехрамбен производ“, истакна сашо Точков од центраот за јавно здравје.

Од Организацијата за заштита на потрошувачите велат дека граѓаните се жалат дека често наидувале на hranaхрана која не се чува соодветно, производи со поминат рок  по рафтовите во продавниците, храна со чуден мирис и боја,  како и на туѓи тела во купената храна. Цената која  граѓаните ја плаќаат се цревните
инфекции. Посебно во летните месеци убедливо најголем број од труењата со храна отпаѓаат на салмонела.

За среќа годинава во Охридската болница многу мал е бројот на лица кои побарале помош поради труење со храна. Началникот на интернето одделение Сашо Васлевски  вели дека годинава ситуацијата е многу подобра во споредба со минатите години и дека најчести се случаите на вирусни заболувања.

Додека траат пеколните горештини, лекарите со апел до граѓаните да избегнуваат храна која содржи јајца, да не се купуваат производи од животинско потекло кои се продаваат на отворено и во несоодветни услови, да се проверува рокот на производите , зеленчукот и овошјето добро да се мијат и посебно да се обрне внимание на хигиената при подготвување храна и миењето на рацете.  Покрај практикувањето на овие препораки граѓаните  со цел да го заштитат своето здравје бараат и поголемо присуство на терен од инспекциите и санкционирање на оние кои не ги почитуваат правилата.  А казните за  несоодветно чување и постапување со храна,се големи и се движат и  до 5000 евра.  

{loadposition content9}