Skip to main content

Затекнати малолетни лица со алкохол

Контрола во угостителски објекти, пронајден пиштол

Деновиве беа извршени контроли во угостителски објекти. Затекнати се малолетни лица со алкохол, пронајдена е дрога и едно лице е фатено со пиштол.
 |  инфодеск  | 
Државен пазарен инспекторат

На 10.07.2022 година во 00:15 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е А.Н.(30) од струшкото село Велешта. При преглед извршен во угостителски објект во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа еден пиштол марка „Екол“ и два куршуми калибар 6,35 милиметри. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.07.2022 година во 02:00 часот, во СВР Охрид лишени од слобода се Е.П.(38) и О.С (39), двајцата од Струга. При извршена контрола во угостителски објект во Охрид, полициските службеници го затекнале О.С. како му дава ќеса со кокаин на Е.П. Дрогата е одземена и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09/10.07.2022 година од 22:00 до 03:00 часот, спроведувајќи мерки од кампањата „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од СВР Охрид извршија контроли во угостителски објекти во Охрид. Притоа, во два угостителски објекти после полноќ се затекнати повеќе малолетни лица кои консумираат алкохол. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик, против правните субјекти ќе биде поднесена пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.