Општина Охрид известува дека е достапен документот Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот „Реконструкција на локална улица „Александар Турунџев“ во Охрид и локална улица во с. Велгошти, Општина Охрид“ во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта.
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проекти при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Охрид аплицираше со проект за „Реконструкција на локална улица „Александар Турунџев“ во Охрид и локална улица во с. Велгошти, Општина Охрид“.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со
животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот. Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 21.02.2024 година официјалните веб страници на:
Општина Охрид: https://ohrid.gov.mk/
ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk или
МТВ: http://mtc.gov.mk/
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на
Интернет страницата.