На 27-ми март 2024 година, на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси и такси возила.
-Притоа, контролирани се вкупно 101 возило, од кои 68 во Охрид, 11 во Струга, 15 во Кичево и 7 во Дебар, од кои кај едно возило во Охрид и едно во Струга, констатирана е техничка неисправност на системот за сопирање. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид ; фото: архива ТВМ