Skip to main content

СВР Охрид

Kонтроли на автобуси и такси возила кои вршат јавен превоз во Охрид и Струга

Kај едно возило во Охрид и едно во Струга, констатирана е техничка неисправност на системот за сопирање, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Полициско возило

На 27-ми март 2024 година, на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси и такси возила.

-Притоа, контролирани се вкупно 101 возило, од кои 68 во Охрид, 11 во Струга, 15 во Кичево и 7 во Дебар, од кои кај едно возило во Охрид и едно во Струга, констатирана е техничка неисправност на системот за сопирање. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид ; фото: архива ТВМ