свр охрид
Контроли врз автобуси за јавен превоз
При преземени мерки во сообраќајот, полициските службеници во Охрид извршиле контрола на автобуси кои вршат јавен превоз.
При засилени сообраќајни контроли во сообраќајот, полициските службеници од СВР Охрид извршиле контрола на 12 автобуси кои вршат јавен превоз на патници во нашиот град.
Притоа, не констатирале технички и други неисправности. Истовремено, затекнале и санкционирале 6 пешаци кои преминале коловоз на необележан пешачки премин – се вели во соопштението на СВР Охрид.


