Skip to main content

Контролирана исхрана после пост

Постот завршува вечерва. Лицата кои постеа за време на Велигденските пости треба контролирано и постепено во менито на исхрана да внесуваат производи од животинско потекло, објаснува д-р Виолета Мицкоска од охридската примарна здравствена заштита.

 |  Николоска Биљана  | 
jajca
јајца

mickoskaПо седум неделното испостување на организмот, Велигденската трпеза богата со месо, јајца, млечни производи носи одреден ризик кон здравствената состојба на граѓаните, укажуваат докторите. На некои тешко им паѓа промената во начинот на исхрана, нагласува д-р Виолета Мицкоска. Таа додава дека при преминување од пост на покалорична празнична храна, не ретко се случува да се претера. Бидејќи храната не служи само за да се засити гладот, туку и да се обезбеди функционирање на телото, како за неговите основни потреби, така и за ситуации на посебни потреби, и по завршување на постот треба да се почитуваат неколку важни правила.

„Првите препораки се да не брзаат да го надокнадат она што ги изгубиле со постот односно да не внесуваат потешка храна наеднаш, значи постепено да се внесува одреден вид на храна ето на пример јајца прво,  после месо и сето тоа во умерени количини. Затоа што постои опасност од нарушување на здравјето акривирање на гастрит, жолчката итн“– потенцира Мицкоска.

Затоа охриѓани внимавајте со прекумерната консумација на храна, бидејќи од досегашното искуство, докторите велат дека по празниците ординациите се полни со пациенти кои бараат  лекарска помош поради воспаление на желудник, жолчка, панкреас или црниот дроб.

{loadposition content9}