Конзерватори на мозаици има, но не доволно колку што има културно наследство
Со мозаиците во земјите од Југоисточна Европа различно се постапува. Се зависи од тоа колку пари се одвојуваат за нивна рестарвација и конзервација се согласија учесниците – конзерватори на меѓународната стручна средба што се одржува во Охрид.На некои архолошки локалитети мозаиците се достапни и во добра зачувана состојба, но некаде се запоставени и покриени со песок и далеку од очите на јавноста. Се зависи од тоа колку пари државите имаат за да ги зачуваат од забот на времето и да ги приближат до посетителите. „Македонија е една од поретките земји која полага внимание за што подобра заштита на мозаиците на бројните археолошки локалитети и нивна достапност пред јавноста“, вели вели Никола Упевче, конзерватор и координатор на оваа средба.
Младите конзерватори на мозаици од осум земји од Југоисточна Европа ќе разменат искуства за рестарвација и конзервација на мозаиците. Собираат податоци за мозаиците во реонот, за нивната состојба, колку конзерватори има и со каква стручна подготовка. Маја Франковиќ од Центарлниот Институт за конзервација од Белград, вели дека оваа средба ќе им помогне со заеднички сили, знаење и организираност да постигнат што поголем успех во заштитата на мозаиците, но и поголема нивна достапност пред јавноста. Многу е важно нашето поврзување и вмрежување за во идните соработки да успееме во нашите намери, нагласува конзерваторот Франковиќ.
„ Во моментов сите ние лично зависиме од нашите Влади и сите имаме слични проблеми, пред се тоа е недостаток од пари. Сега имаме можност преку заеднички проекти да добиеме средства од надвор и да успееме во нашите проекти, поддршка веќе имаме од Канацалирајата на Унеско во Венеција, Но, иако нема доволно пари сепак кога се сака се може, а за тоа доказ се мозаиците на археолошкиот локалитет Плаошник,“ нагласува Франковиќ.
{loadposition content9}