Почесeн конзулат на Р.Србија во Македонија – Охрид
Конзулатот на Србија и охриѓани ќе оддадат почит кон жрвите во Белград и Младеновац
„Изразуваме длабоко сочуство до семејствата на трагично загинатите,посакуваме брзо и лесно опоравување на сите повредени лица. “- Михајло Филев, почесен конзул на Р.Србија во Македонија.
Конзулатот на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид по повод двата немили настани во Србија упати повик до граѓаните утре во 11 часот да дојдат на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ и да им оддадат почит кон жртвите. Предвидено е потоа точно на пладне заеднички да се оди на панихида за жртвите во црквата „Св. Богородица Перивлепта“.
„Изразуваме длабоко сочуство до семејствата на трагично загинатите,посакуваме брзо и лесно опоравување на сите повредени лица. Изразуваме силна емпатија,солидарност,сплотеност до српскиот братски народ и Р.Србија.“-вели Михајло Филев, почесен конзул на Р.Србија во Македонија.