Корегирани замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот
Доматите и краставиците нема да смее да се продаваат по цена повисока од 95 денари по килограм, а за десет денари расте и цената на кромидот. Килограм пиперка ќе се продава по цена од 100 денари, леќата 110 денари а сите други видови зеленчук се продаваат под 100 денари за килограм.
Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека после спроведените разговори со увозниците и претсавници на Стопанската комора, има зголемување на цените, поради тоа што последната недела имаме зголемување на увозните цени кај нашата царина, кај одредени производи и до 30 %. Министерот објасни дека фактурите кои веќе се доставуваат во нашата Царинска управа, се пологични од тоа што беше претходно направено.
„Ова не значи дека тука завршуваат контролите, надзорот и инспекциите кои се прават од страна на сите надлежни институции, како ДПИ, УЈП, Финансиската полиција и Царинската Управа. Се прават контроли од страна на овие институции за да не бидат оштетени, граѓаните и буџетот на државата, кој секако е буџет на граѓаните. А и водно да се сузбива неформалната економија за да имаме лојална конкурентност со нашите домашни земјоделци.“, – информира Бектеши.
Бектеши рече дека на пазарите се приметува пад на цената на јужните овошја.додаде дека оваа одлука ќе важи до крајот на месецот граѓаните да бидат спокојни.
„На дневна база се контролираат цените на увозот врз основа на тоа што се пријавени, ако има потреба и во текот на месецот ќе ги корегираме, ако приметуваме дека има намалување на увозните цени затоа што моментално немаме домашно производство на овие производи, или пак, имаме ограничено оние кои имаат оранжерии, а не го покриваат целокупниот пазар“ објасна министерот.
На прашање за тоа што некои од трговицте го кријат зеленчукот и овошјето, односно зошто остануваат празни рафотвите во маркетите, како што беше вчерашниот случај кога од страна на ДПИ беа пронајдени 300 тони грав, бектеши кажа дека производите не смее да се кријат.
„Никој не може да ги крие производите. пазарниот инспекторат утврдил таква појава пред неколку дена и денес сите тие производи ќе бидат ставени на пазар.„Во делот на задолжението кое го имаат сите трговци, 70% од прометот во јануари и февруари и ако не го сторат тоа ќе бидат казнети според Законот за трговија“, рече Бектеши.
Ова е мала корекција на претходната владина одлука, бидејќи како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши, од 28 март досега, увозниците доставиле „пологични фактури, од кои може да се види дека на берзите има зголемување од 30 отсто на одредени видови зарзават“. Останатите цени на зарзаватот остануваат исти и не смеат да бидат повисоки од 100 денари за килограм, освен леќата која чини 110 денари, додаде Бектеши.