„Корендон“ и „Фибула“ утре ги носат првите холандски туристи оваа сезона
Утре на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе пристигне првата група холандски туристи оваа летна туристичка сезона.
Утре на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе пристигне првата група холандски туристи оваа летна туристичка сезона.
Со првиот чартер лет ќе пристигнат 189 туристи од Амстердам, Холандија. Дел од нив ќе престојуваат во Охрид седум дена, а една група ќе остане и подолг период.
Холандските туристи и годинава во Охрид ќе летуваат во организација на тур операторот „Фибула Ер Травел“ и нивниот холандски партнер „Корендон”. Ќе летуваат од мај до средината на oктомври, а ќе доаѓаат со четири чартер летови неделно.
Гостите од земјите на Бенелукс со децении наназад се традиционални посетители на Охрид, а најбројни на охридската ривиера беа во осумдесеттите години на минатиот век.
{loadposition content9}