Skip to main content

„Корендон“ пофали шест хотели на Охридското крајбрежје

Шест високи признанија додели туроператорот „Корендон“ на хотели лоцирани долж Охридското крајбрежје.  На листата признанија за 2014, се најдоа три охридски и исто толку струшки хотели, „Силекс“, „Десарет“, „Метропол“, „Дрим“, „Макпетрол“ и „Изгрев-Спа и Аквапарк“.

 |  Николоска Биљана  | 

Туроператорот „Корендон“ додели шест високи признанија на шест хотели на охридската ревиера, за нивната работа и постигнати резултати во 2014 година. Тие признанија се со цел  да се зголеми инвентивноста и професионалноста во хотелската дејност. Тоа е традиционална практика на „Корендон“, туроператорот, кој последните неколку години, во континуитет носи холандски и белгиски туристи во Охрид и Струга. 

На листата најдобри се најдоа три охридски и 3 струшки хотели. За најдобра услуга признание е доделено на хотелот „Силекс“ , од Охрид. Хотелот „Макпетрол“, од Струга од „Корендон“ доби признание за храна за 2014 год, додека пак хотелот Десарет признание доби за Цена и квалитет. Во категоријата Соби за 2014, признание доби хотел „Дрим од Струга, додека пак струшкиот хотел „Изгрев-Спа и Аквапарк“, добил признание кое се однесува на добри услови за престој и забава на деца. Хотел „Метропол“, ја понесе Специјалната награда за 2014, кое се доделува врз основа на севкупниот квалитет и популарност на сместувачките капацитети.

Инаку тур операторот „Корендон“ доделил и 149 награди на хотелски капацитети во различни туристички дестинации во Светот.

{loadposition content9}