Поврзувањето на коридорот 8 и 10, приоритет на кандидатот за градоначалник, Ристески
Поврзувањето на коридорот 8 и 10 односно изградба на автопат на релација Гостивар-Охрид- Росоман-Градско ќе биде приоритет за независниот кандидат за градоначалник, Васил Ристески. Тој јавно побара соочување со своите противкандидати како би ги презентирале различните програми пред граѓаните на Охрид.
Независниот кандидат за градоначалник, Васил Ристески денес обелодени дел од својата изборна програма. Тој рече дека проект број еден ќе му биде поврзувањето на коридорот 8 и 10. Тоа ќе значи автопатско повзување на Гостивар-Охрид- Росоман и Градско. Ристески потенцира дека иако изградбата на овој автопат не е во надлежност на Локалната со добар проект може да се убеди централната власт за истиот да се реализира
Ристески истакна дека изградбата на овој автопат е од пресудно значење за целокупниот развој на овој регион и додаде дека со тоа ќе се овозможи формирање на бесплатна царинска зона во Охрид. Тој уште еднаш побара соочување со своите противкандидати на дуел како би ги соочиле своите програми.
Ристески е задоволен како досега тече кампањата, а посебно е задоволен од средбите со граѓаните. Вчера со својот тим посетил повеќе рурални средини меѓу кои и селото Куратица за кое има големи планови за развој на рурален тиризам.
{loadposition content9}