Skip to main content

Охридска школа за владеењето на природното право

Корупцијата е во секоја пора од нашето општество

Препознавање и разбирање на организираниот криминал и корупцијата, во контекст на владеење на правото” е главната тема на која ќе се дискутира, во рамки на Охридската школа по природно право,  отворена во Куќата на Уранија на МАНУ во Охрид. Во борбата со корупцијата и организираниот криминал, клучен е човечкиот фактор, вели академик Никола Камбовски.
 |  Голабовски Крсте  | 
Академик Владо Камбовски

Корупцијата кај нас преставува системски проблем. Влезена е во сите пори од општеството. Од највисоката власт, до најниските слоеви, на оставрување на полтичика и економска моќ. Поткупот царува од најситните службеници, до водечки функционери, истакна денес Академик Владо Камбовски. Политичките паритии се изворите на корупцијата. Без една радикална реформа на правниот режим за политичките партии, кои мора да се подредат на владеењето на правото, нема позитивен развој.

„Клучот е човечкиот фактор бидејќи ние имаме горе долу добра правна рамка за борба против корупцијата и организираниот криминал. Таа е усогласена со европските и меѓународните норми и стандарди и конвенции. Клучен е човечкиот фактор. Мора човечкот фактор да се подигне на ниво на решителност кај носителите на разни функции, особено во делот на судството, за да почнат со справување со корупцијата и организираниот криминал. Ние очекуваме сега само од себе да се направи пресврт. Според мене, не може да се направи пресврт без забрзување на процесот на интеграции на државата.“ – истакна академик Владо Камбовски.

Таки Фити, актуелниот претседател на МАНУ зборуваше за економските последици кои корупцијата и организираниот криминал ги имаат врз економијата, односно штетите кои економијата ги трпи кога има широко распространета корупција. Прво, тука се претпријатијата со монополистчка моќ, да диктираат цени и да оставруваат високи профити, врз база на тие стекнати монополистички позиции и зголемување на цените. Јавните набавки и тендерите се вториот домен во кој македонската економија трпи огромни штети, често гледаме дека едни исти фирми добиваат тендери. Што за крај, како последица, предизвикува одвраќање на странски реномирани фирми да инвестираат во земјава, вели Фити.

„За мене излезот е еден. За мене клучно е владеењето на правото и судскиот систем, реформите таму. Ако тука не се направат длабоки резови, не можеме да одиме понатаму. Треба систематска борба против корупцијата. Основно е систематско владеење на правото и правосудството. Имаме државна комисија за борба против корупцијата, таа покренува обвиненија, ама ако не завршат преку судските инстанци, не сте направиле ништо.“ – изјави академик Таки Фити.

Вирџинија Елиот, директорка на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите при амбасадата на САД, на младите лидери и присутни им порача да бидат чувари на сопствените со устав загарантирани човекови права и принципите на владеење на правото.

„Владеењето на правото не донесе денес сите тука. Амбасадата на САД во Македонија ќе продолжи во насока на владеењето на правото и ќе продолжи во создавање на одговорна влада и независен правен сектор. Ве охрабрувам да бидете бестрашни во предлагањето решенија и идеи оваа недела, посветете се на преземањето акции, за да помогнете да ги формирате демократските институции во вашата земја.“ – кажа Вирџинија Елиот – директор на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите  при амбасадата на САД.

Препознавање на корупција и организиран криминал се темите на Осмата Охридска школа за владеењето на природното право. Школата се организира секоја година во Охрид, а на неа присуствуваат реномирани предавачи од земјава и од странство.