Skip to main content

„ Коси од розева волница“ е најдобриот расказ на конкурсот „Живко Чинго 2014“

„ Коси од розева волница“ е најдобриот расказ на конкурсот „Живко Чинго 2014“.

 |  Валентина Неловска  | 
cingo
cingo

„ Коси од розева волница“ под шифра Солза  е најдобриот расказ на конкурсот „Живко Чинго 2014“.  Наградениот расказ носи една ретко обработена тема во кој е прикажан спојот меѓу реалниот  и натприридниот свет. Нарацијата е лесна, со чиста мисла без оптоварување на непотребни описи, јазикот е лесно прифалив, композициски е изграден до совршенство, кажува Ирена Бачиќ, од жири  Комисијата на конкурсот Живко Чинго 2014.
живко чинго

„ Од овој расказ извираат силни емоции кои го поместуваат човекот од сосптвеното лежиште. Исповед е на една душа, мајка која прерано го напуштила овој свет и го оставила своето мало детенце. Тука во расказот, откорнатат мајчина љубов, ги побива сите граници на можното и не можното и успева да се спротистави на силите на универзумот за нејзината душа да остане со напуштеното чедо се до оној момент кога  е потребно. Додека нејзината ќерка не почуствува дека е спремна сама да зачекори во животот“, појаснува Бачиќ.

живко чингоИзборот на овој  расказ е едногласна одлука на тричлената комисија во состав Ирена Бачиќ, Милчо Јованоски и Тоде Илиески. На годинешниов  конкурсот пристигнале  59 раскази, од нив 10 се издигнале со својот кавлитет над останатите, а во потесен избор биле покрај наградениот  уште два, „ Охридски крап“ под шифра Ивана и „Бавча со зелени патлиџани“ под шифра Пајазит. Членовите на жири  комисијата упатија  препорака до општината  која го распишува овој конкурс.
„ Овој конкурс во иднина да се прошири и да има втора и трета награда како би се  респектирале оние кои конкурирале. Предлог од Комисијата по неколку наградени раскази избрани на конкурсите  да се соберат во една помала збирка на раскази за да се збогати  македонското творешетво и да има се даде можност на читателите да видат како пишуваат македонските автори кратки раскази,“ препорачува Јованоски.
 
Наградата за најдобар расказ, на авторот кој се очекува  на јавноста да и биде познат деновиве,  ќе биде врачена на 13 август кога во Велгошти се одржува манифестацијата посветена на писателот Живко Чинго.

{loadposition content9}