Skip to main content

Костадиновска Стојчевска: Спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба

Изречена е „наредба“ од страна на инспекцијата при Министерство за култура за враќање на спомен плочата, а на сторителите кои ја отстранија законски глоби.
 |  Маја Савиќ  | 
Бисера Костадиновска Стојчевска

Спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба, најави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Информира дека е изречена мерка „наредба“ од страна на инспекцијата при Министерство за култура.

„Инспекторите за култура извршија вонреден инспекциски надзор по повод отстранувањето на спомен-обележјето на осудени лица од фашистичкиот окупатор во 1941 година, при што се констатирани прекршоци и на сторителите им се изречени законски глоби, согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата.“ – информира министерката во објава на Фејсбук.

Дополнително извршен е и инспекциски надзор во Општина Струга за поставувањето на спомен-плоча за основно училиште „Битолски конгрес“ во 1941 година и за градоначалникот, кој е надлежен за истата и е изречена законски утврдена глоба.

Заштитата на културното наследство мора да е приоритет на сите и грижата да биде заедничка, и на централно и на локално ниво, потенцира министерката за култура и апелира на поголема совесност од секој поединец кон културните и историски споменици, во спротивно, вели дека негрижата и дејствијата во насока на нивно уништување ќе бидат соодветно казнети.

Надлежните да ги разјаснат околностите и по чија вина е отстранета спомен плочата од НОБ во Охрид | Портал ТВМ (tvm.mk)

Спомен плочата од НОБ ќе биде вратена на старото место, им ветил Пецаков на Сојузот на борци oд НОАВМ | Портал ТВМ (tvm.mk)