Skip to main content

Економија

Костал завршува успешна деловна година

Соочени со предизвици и кризи не ги намалија работните места. Покрај падот од планираната реализација од околу 6 проценти, успеја да ја завршат годината со обрт од над 100 милиони евра, изјави Виктор Мизо, потпретседател во „Костал Групацијата“ и Генерален менаџер „Костал Македонија“.
 |  Валентина Неловска  | 

За автомобилската групација „Костал Македонија“ од Охрид изминува успешна деловна година. Компанијата ја завршува тековната годината без отпуштање на вработени и покрај сериозните проблеми кои ги донесоа ковид кризата, економската и енрегетската криза предизвикани со војната во Украина. Успејаа да ги надминат предизвиците пред кои се соочија, како што се падот на продажба на возила во Европските земји којшто ги зафати економска рецесија и стагнација, а којашто се одрази со потфрлување на планираниот раст на компанијата. Имавме пад од 6 до 7 проценти споредено со минатата година, информира Виктор Мизо, генерален менаџер „Костал Македонија“.

На многу полиња имавме екстремни пристисоци. Досега, најголем дел од проблемите беа од страна на понудата, од микро производителите и синџирите на добавувачи. Но, ние како Костал успеавме да се справиме со кризата на соодветен начин. Факт е дека наши клиенти во најголем дел се од премиум возилата, како и возила на електричен погон, кои во услови на пад на пазарот се сегменти кои растат. Оваа година ќе ја завршиме со обрт од над 100 милиони евра, за прв пат во нашата историја на компанијата“, вели Виктор Мизо, генерален менаџер „Костал Македонија“.

Оваа 2022 и идната година проблем кој ќе остане и понатака е енергетската ситуација. Ние не сме енергетски интензивна компанија, но кога цената на струјата ќе се зголеми за 4 до 5 пати се одразува врз профитабилноста. Не е лесно да се најде начин врз основа на продуктивност или ефикасност да се надополнат загубите заради високата цена на електричната енергија, подвлекува Мизо. Државата би требало д аим помогне на големите компании кои засега се препуштени на слободниот пазар, да има даде поддршка, нагласува Мизо и посочува дека со Стопанската комора на Македонија се бара решение за надминување на оваа проблематика.

„Во јануари, потенцијално би се нашол начин за помош во одреден временски период кога цените се многу повисоки. Имаше моменти кога цената на слободниот пазар надмина и 1000 евра по мега час, споредено со помалку од 70 евра кои ги плаќавме пред две години, тоа е огромен раст. Но, и кога цената ќе е од 300 до 500 евра за мега час е на граница на неподносливост и поголемите компании не може да произведуваат во такви услови. Се надевам дека државата ќе има слух за да направи некоја логична цена“, смета Мизо.

„Костал Македонија“ има во план да започне два нови проекти во претсојната 2023 година. Групацијата планира да се реализира проектот за хибридни електрични возила на Фолксфаген групацијата, проект вреден 50 милиони евра. Исто така, се планира нов проект и за најновата програма на возилата Мерцедес. Се планира раст на компанијата од над 30 проценти во споредба со оваа година, потенцира Виктор Мизо генерален менаџер „Костал Македонија“.