Skip to main content

Костоски:ВМРО- НП докажа како се сака Охрид

Не сме безидејни, патетични како што не нарекуваат од ВМРО – ДПМНЕ , велат од ВМРО Народна. Најголемите проекти за Охрид се направени во времето на Љупчо Георгиески, изјави на денешната прес конференција Ванчо Костоски, претседател на народна.  Костовски додаде дека проектите кои што доаѓаат од опозицијата во советот без оглед на тоа што можеле да донесат голема придобивка биле дочекувани на нож во Локалната самоуправа

 |  Николоска Биљана  | 
narodna
народна

kostoskiНајголемите проекти за Охрид се направени во времето на Љупчо Георгиески, односно од 1998 год до 2002 год, изјави Ванчо Костоски претседателот на ВМРО – НП. Со тоа сакаме да ги потсетиме членовите на ВМРО – ДПМНЕ дека не сме безидејни, патетични како што не нарекуваат, туку како се сака Охрид, додава Костоски. Претседателот спомна дел од капиталните проекти кои ги реализирале.

„Плаошник, кој што самите знаете какво место беше пред да се изгради, тој е центарот на словенската култура и корените на нашите потомци. Античкиот театар сами знаете во кава состојба беше до пред да дојде на власт ВМРО – НП во тој период. Самоиловите тврдини сами знаете какви беа и колку македонци и македонски фирми ги градеа.“– вели Костоски.

Наспроти капиталните проектите за Охрид кои ги посочи Костоски како реализирани дела на неговата политичка опција, тој ги спомна и проектите кои се реализирани од 2006 – 2014 во време на владеење на актуелното политичко раководство предводено од премиорот Никола Груевски. Костоски категоричен дека проектите на Георгиевски биле направени во период од 4 години за време на бегалска криза и татковинска војна, додека пак проектите на Груески се реализирани за 8 години.

narodna„Изградена е Железничка за која што 40% земјените работи ги имаше завршено охридската Локална самоуправа, и имате едно од крилата на Охридскта болница која што 1000 квадрати 3 и пол четири години се градеше што некој за тој период некој ќе направеше и до Марс да заминие“ – рече претседателот.

Костоски на денешната прес конференција кажа дека проектите кои што доаѓаат од опозицијата во советот без оглед на тоа што можеле да донесат голема придобивка биле дочекувани на нож во Локалната самоуправа. Според него тоа не потекнувало од градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, туку од поединци во ВМРО – ДПМНЕ, кои според Костоски го уживаат кредибилитетот кој што го има актуелниот градоначалник кај народот. Исто така од оваа политичка опција информираат дека после Богојавление – Водици очекуваат прием кај градоначалникот во врска со актуелната состојба со дел администрацијата врз која според Костоски се врши мобинг.

{loadposition content9}