Skip to main content

Костовски:ќе бидеме клучниот фактор за формирање на новата Влада НА РМ

После единаесетти ќе бидеме клучниот фактор за формирање на новата Влада НА РМ,  рече кандидатот за пратеник, Ванчо Костоски од коалицијата За Македонија на денешната завршна пресс конференција.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Коалицијата За Македонија го одржа својот завршен пресс. Кандидатот за пратеник, Ванчо Костоски рече дека како политичка партија и како коалиција многу се задоволни од текот на нивната кампања и од приемот кај граѓаните при презентирањето на нивната програма.

Наидуваме на голем прием и голем одѕив кај граѓаните на РМ. Очигледно дека граѓаните на Македонија и на Охрид се подготвени за промени и се помасовно ни ја даваат довербата токму нам. Ние не правиме мегаломански митинзи ние работиме на терен и нашата цел за 13 до 15 пратеници е исполнета па после единаесетти ќе бидеме клучниот фактор за формирање на новата Влада НА РМ, вели Ванчо Костоски, кандидатот за пратеник од коалицијата ВМРО За Македонија.

Една од нашите основни цели е враќањето на демократијата во државава, да може секој граѓанин на РМ да го искаже своето незадоволство од работата на премиерот на Владата, на градоначалникот, на директорот без при тоа да трпи некакви притисоци и казни, рече Костоски. Наша заложба е да се намалат казните за фирмите и поединците и да се врати демократијата во економијата. Костоски потсети на периодот од 1998 до 2002 кога премиер беше Љубчо Георгиески и кога седум капитални проекти биле направени за Охрид. И кандидатот за пратеник, Владимир Каневчев изрази задоволството од реакциите на граѓаните и од начинот на водењето на нивната кампања.

Македонија е пред еден голем расчекор. Овие избори ќе бидат една вистинска одлука на секој македонски граѓанин дали сакаат да живеат во едно вакво општество или сакаме да одиме сите напред. Ние после влегувањето во владата на РМ ќе продолжиме онаму каде што застанавме и Охрид ќе доживее уште поголем развој од периодот кога бевме на власт, рече Каневчев.

И Костовски и Каневчев рекоа дека очекуваат фер и демократски избори, а доколку дојде до било какви неправилности на денот на изборите и доколку повторно се обиде актуелната власт да врши притисоци и поткуп на граѓаните како во минатото, тоа многу негативно ќе се одрази на државата и на нејзините евро-атлантски интеграции – предупреди Костоски.