Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска ќе биде во работна посета на охридско-струшкиот регион.
Во рамки на посетата, како што информираше владината прес-служба, предвидено е да ги посети фабриките „Подгорка” во Струга и „Органска буковка ДОО“ во Охрид.