Ковачевски : Се прават анализи за зголемување на пензиите
Премиерот Димитар Ковачевски денска изјави дека се прават анализи за зголемување на пензиите. Тој најави и финансиска помош за пензионерите за полесно справување со енергетската и економската криза.
Премиерот Димитар Ковачевски денска изјави дека се прават анализи за зголемување на пензиите. Тој најави и финансиска помош за пензионерите за полесно справување со енергетската и економската криза.
Ковачевски информираше дека веќе се работи на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите и која ќе биде презентирана пред сите засегнати страни.
Пензионерите заслужуваат по толку години изминат труд и придонес во развојот на државата, да имаат достоинствени пензионерски денови – изјави Ковачевски.
Пред неколку денови опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднесе Предлог закон за зголемување на пензиите. Предлогот предвидува зголемувањето од 20 отсто на пензиите да почне да важи од април.
Предлогот на ВРМО-ДПМНЕ го оценува како паушален, затоа што, како што изјави, не се базира на никакви анализи и методологија.