До крајот на годинава ќе почне да се гради новиот магистрален пат Охрид-Свети Наум
Тој вели дека првата фаза од проектот е веќе дефинирана, а се работи за делницата од бензиската кај Билјанини до туристичката населба Пештани.
Директорот на Агенцијата за државни патишта најави скоро започнување со изградбата на новиот магистрален пат од Охрид до Свети Наум. Се работи за проект кој ќе се спроведува во две фази и станува збор за сосема ново патно решение.
„Првата фаза е веќе дефинирана и тоа е делницата од Охрид кај бензиската станица, до Пештани. Се проектираат некаде широчина на магистрален пат од 12тина метри, четири ленти, во двата правци. Очекуваме проектот да биде готов некаде во средината на оваа година и веќе Владата размислува и прави финансиска конструкција да до крајот на оваа година или почетокот на наредната почне и со реализација. Секако претходно треба да бидат расчистени имотно-правните односи. Паралелно со тоа исто така се изготвува и втората фаза на истиот проект, а тоа е од Пештани до Свети Наум односно до граничниот премин со Република Албанија. Тој проект треба да биде готов согласно потпишаниот договор и обезбедените финансиски средства до крајот на оваа 2014та година.“-вели директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.
Георгиевски потенцира дека во моментот работат и на добивање на согласности за изградба на овој проект во деловите каде што допира до националниот парк Галичица.
„Се работи комплетно, има идеен проект и се работи на нова траса која што малку допира и во Галичица, но и за тоа ние ги тераме сите оние зкаонски постапки за да добиеме позитивно мислење од Министерството за екологија. Очекуваме до Јуни месец отприлика да бидеме готови со проектот. Следува фаза на ревизија, добивање на позитивно мислење и отпочнување со работа.“-рече тој.
Директорот на Агенцијата за државни патишта воедно најави и дека најверојатно на почетокот од идниот месец ќе се почне и со поставување на камен-темелникот на долгонајавуваното автопатско решение од Кичево до Охрид.
{loadposition content9}