Skip to main content

Паднаа гранки од дрва на повеќе локации

(ФОТО) Кратко невреме во Охрид

До рубриката „Ти си твојот град“ наши сограѓани испратија слики од краткото невреме кое го зафати Охрид. Велат дека ветрот откинал гранки од дрва на повеќе локации.
Невреме

Кратко, но силно невреме го зафати Охрид нешто по 17 часот. Наши читатели до рубриката „Ти си твојот град“ испратија слики од паднати големи гранки од дрва на повеќе локации низ градот. Еве ги нивните коментари:

Во населбата „Христо Узунов“, кај зградата од Слобода, од невремето кое беше проследено со дожд и ветар падна дрво на паркирана кола. За среќа нема поголема штета – вели Ѓоргиоски за „Ти си твојот град“.

Невреме
Невреме

Од невремето кое беше како бела олуја со зрна град, се скрши дел од Чинарот кај Воените зфраги помеѓу Генерал Сат и Маџаров. Среќа што падна кон паркчето, а не на бул. Туристичка. Уште има гранки кои висат на дрвото. Ова е диво посаден Чинар, а е голема опасност за возачите – пишува Јохана Симоне до нашата рубрика.

Невреме
Невреме