Уште една кражба во Охридска златара
Украден накит од златарата „Прима Голд“ во охридската чаршија.
СВР во текот на вчерашниот ден успешно реализира акција за пронаоѓање и приведување на три члена група од вкупно шест, кои во текот на вчерашниот ден извршија кривично дело тешка кражба во златарата „Прима Голд“, во охридската чаршија. Оваа шест члена група романски државјани со патничко моторно возило пристигнале во Македнија и во Охрид во текот на вчерашниот ден преку граничниот премин Ќафасан. Откако пристигнале во Охрид направиле обиколка низ стара чаршија и неколку златари, по што некаде по 15 часот и 15 минути сите влегле во златарата Прима Голд, каде го извршиле делото.
„ По однапред договорено сценарио дел од нив успеваат со прашања за квалитетот на накитот да и го одвлечат вниманието на вработаната, додека другите членови успеале да одземет златен и сребрен накит од стаклениот пулт кој се наоѓал на самиот влез односно во централното подрачје на златарата. После одземањето на накитот дел од крадците успеале да заминат од златарата, додека првата група и понатака останала во златарата разговарајќи со вработената околу накитот“, вели портпаролот на СВР Стефан Димоски.
Димоски открива дека откако избегале сите учесници во кражбата, се раздвоиле во две групи при тоа делејќи го и украдениот накит.
По кражбата СВР формирала неколку тимови распределени на ноколку места во градот, по што за кратко време успеале да пронајдат три членови од групата.
„Тие се приведени во МВР и во моментов превземаме опсежни мерки за пронаоѓање на останатите три членови но и за пронаоѓање на патничкото моторно возило. Одредена им е мерка притвор во траење од 24 часа, односно 48 часа. Се надевам дека по пронаоѓањето на останите три члена ќе биде комплетирана оваа група, инаку кривичната пријава е поднесена против сите шест членови“, додава Димоски.
Секторот за внатрешни работи Охрид, презема интензивни мерки за пронаоѓање на другите три лица членови на романската група, која во текот на вчерашниот ден со патничко моторно возило пристигнала во Охрид.
Со оглед на тоа дека извршителите на кражбата се странски државјани министерството за правда ја информирало Романската амбасада, за делото кое го извршиле нивните државјани.
Во СВР Охрид пред две години беше регистриран уште една случај во кој кај романски државјанин, каде беше пронајден златен накит.
{loadposition content9}