Skip to main content

„Крија Јога“ пристигна во Македонија

„Крија Јога“, внатрешен мир или нов начин на живеење.

 |  Маленкова Татјана  | 
krija Joga
Крија Јога

„Крија Јога“ или техника на живот која многумина во светот секојдневно ја применуваат со цел да си го олеснат животот и со цел побрзо да стигнат до својта среќа конечно пристигна во Македонија.  Крија Јога“ е посебна техника која ги содржи сите други видови на јога, затоа што битието на јогата е во крија јога  и таа се состои од пет вежби кои човекот ги вежба за да си најде мир во душата, за да се смири и за да биде задоволен и среќен. Крија Јогата ќе ја има во Македонија, благодарение на новинарот Нада Штајнман.  


„Мојата желба беше за да ја донесам оваа „Крија Јога“ во Македонија, затоа што не е комерцијална, туку е духовна јога и оние луѓе кои навистина сакаат да ги најдат господ и космичката свест, Тие луѓе се во потрага по оваа јога и мене ми беше голема желба да го најдат патот“, вели Штајнман.

Штајнман открива дека учителите на оваа јога се инструирани и дека тоа се посебни учители, затоа што Nada Stajnman неможе секој да подучува за тоа како се применува оваа техника. Тоа може да го прават само оние кои се избрани, затоа што тоа се високоразвиени души и тие е оние кои прастарата јога од јогананда им ја пренесуваат на своите ученици. Штајнман тврди дека „Крија Јогата“ се учи за два дена, поточно за да се научат вежбите треба малку време, но многу е важно потоа учениците овие вежби да ги вежбаат дома сами. Семејството на „Крија Јогата“, пожелно е еднаш во годината да се сретне со својот учител. Штајнман со задоволство зборува и за благодетите кои таа ги почувствувала одкако започнала да ја применува оваа техника.  „Јас ја барав среаќата во книгите, ја барав во надворешниот свет , меѓутоа среќата била длабоко во мене , каде можам секогаш одново да ја побарам“, вели нашата соговорничка.   

„Маката ме натера. Незнаев каде да одам. Отидов го Германија и работев во Дојче Веле, но животот си носи свои кризи и кога бев најдолу кога незнаев како да се снајдам ми се појави оваа јога и со вежбањето на јогата секој ден ми се смирува душата, можам слободно да функционирам, таа јога е како за телото, така и за духот, се подобрува здравјето, начинот на живеење, станува човекот посвесен, така да можев да ја вршам својата работа као новинар во бурни времиња и да ги гледам своите деца и да им дадам надеж дека животот е убав и дека вреди за се живее“, додава Штајнман.

Зборот „Крија Јога“, потекнува од „кри“ и „ја“, а тоа значи „ја“ е душата и „кри“ е работата.   Оваа јога е Nada Stajnmanпрастара наука, наука за живеењето потекнува од санскритот, не е врзана за ниту една религија, ниту една нација.
Сите оние кои ја применуваат „Крија Јогата“ велат дека преку оваа техника го бараат будењето, со цел како што велат да видат кои сме и зошто сме и преку техника на дишење и техника на вежби и медитација да се смириме и да си го најдиме задоволството и среќата.  

Сите заинтересирани за „Крија Јога“ воведно предавање за оваа техника ќе се одржи во среда во 19.30 часот во спортската сала Билјанини Извори во Охрид , а сите оние пак, кои ќе сакаат да се обучат и да ги применат техниките на себе, тоа ќе можат да го направат на обуките кои ќе ви ги пренесе лично учителот Клаудија Кремерс, а кои ќе се одржат во викендов во Скопје.  

{loadposition content9}