„Крик за љубов“ вечерва повторно пред охридската публика
Поради зголемениот интерес вечерва повторно ќе биде изведена претставата „Крик за љубов“.
| | Охрид
Поради зголемениот интерес вечерва пред охридската публика повторно ќе биде изведена претставата „Крик за љубов“.

Претставата е работена по текст на Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
Ќе се одигра во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20:00 часот, а влезницата чини 200 денари.