Криминал, корупција и купопродажна афера
Министерството за транспорт и врски, општина Охрид и „Фибула Ер Травел“ направија голем криминал поврзан со купопродажбата на локацијата каде се наоѓаат бараките на Трудбеник, со што украдено е вредно земјиште, обвини охридскиот бизнисмен и акционер во АД „Трудбеник“, Ацо Спироски. Денеска на прес конференција Спироски побара локалната самоуправа да реагира и да го спречи преземањето на владението со имотот, бидејќи имало најави дека во понеделник ќе се изврши влегување во локацијата.
Криминал, корупција и купопродажна афера стојат зад продажбата на земјиштето на кое сеуште се наоѓаат бараките на АДГ „Трудбеник“, тврди Ацо Спироски, извршниот директор на ова акционерско друштво . Ова атрактивно земјиште кое се наоѓа во непосредна близина на Студенчишкиот канал уште во 2011год. Министерството за транспорт и врски му го продало на Фубула травел без при тоа да се земе во предвид корисничкото право на АДГ „Трудбеник“.
Водена е сосема незаконита постапка, односно на „Трудбеник“ му е украдено земјиштето. Кога се продаваше на јавен повик „Трудбеник“ го имаше корисничкото право и ги поседуваше објектите купени на македонската берза и со одобрение за градба. Во една сосема незкаонска постапка во четири очи министерството за транспорт и врски и „Фибула Ер Травел“, оттуѓено е земјиштето. Важно е да се напомене дека јавниот повик кога беше закажано рочиштето за продажба беше во предизборие, вели Спироски.
Фибула била избрана за најповолен купувач и купила две локација од 20 000 квадрати за само едно евро од квадрат а тие во пазарна вредност чинат најмалку 4 милиони евра бидејки се наоѓаат во крајбрежието на Охридското езеро на мошне атрактивна локација , појаснува Спироски. После три години од продажбата Општина Охрид склучила договор со „Фибула“ за откуп на градежното земјиште, односно договор за купопродажба што е без законска рамка, бидејќи општината немала надлежности за такви договори, тврди Спироски.
Посебно сакам да укажам за случен фалсификат на чија основа „Фибула Ер Травел“ доби имотен лист и на основа на тој документ влечи права и судски постапки во смисол објектите на „Трудбеник“ да се срушат и се уништи локацијата на „Трудбеник“. Тоа судот му го дозвоили без никаков надоместок во една постапка која не можевме никако да ја завршиме и на основа на тоа сега во понеделник најавуваат влез во локацијата и уништување на целиот имот без никаков надоместок и ќе наплатат за рушењето односно ќе треба да платиме штета замислете., вели огорчено Спироски.
Зa овај случај веќе години наназад се водат повеќе судски постапки, но без конкретен епилог, па Спироски како еден од акционерите на АД „Трудбеник“ рече дека правдата ќе ја бара и до повисоките инстанци.
Свесно предизвикуваат ненадоместлива штета бидејки ние на таа локација имаме инсталации, паркинзи, обејкти и други работи. Судски доказ дека вредноста на сите тие е околу 1 700 илјади евра. Тие свесно знаејки го својот начин на работа со корупција подмитување мислат дека ќе успеат да ја истуркаат оваа неправда. Затоа се обраќам пред јавноста и молам за разбирање. Да се почитуваат законите посебно што јас знаев и предупредував дека ова ќе се случи. Ја известив антикорупциска комисија и еве јавно ја повикувам да го отвори тој предмет, апелира Спироски.
За овој случај поднесени се кривични пријави против сите инволвирани во купопродажбата на земјиштето, а известени се и повеќето амабасади во земјава.