Skip to main content

Екс градоначалникот и неговите соработници правеле малверзации околу јавните набавки

Поранешниот градоначалник на Охрид Алекасандар Петрески и уште 13 други лица се приведени во операцијата на МВР Јагула, за криминал тежок два милиони евра. Петрески заедно со уште десетина соработници, вработени во локалната, раководители на сектори и сопственици на приватни фирми биле инволвирани во криминални активности поврзани со злоупотреби при спроведување на постапки за јавни набавки. Уапсените се товарат за повеќе тешки кривични дела меѓу кои злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, перење пари, фалсификување документи.

 |  Јаковлева Лионела  | 
александар петрески
aleksandar petreski

Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески и уште 13 други лица меѓу кои поранешни раководители на сектори во локалната самоуправа, соработници и сопственици и управители на фирми, уапсени денеска во акцијата Јагула на МВР. Едно лице е надвор од државата, а за едно се преземаат активности за негово лишување од слобода. Вкупно 16 лица се товарат за повеќе кривични дела меѓу кои злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, перење пари, фалсификување или оштетување деловни книги, оштетување или повластување на доверители, примање поткуп и помагање.

Петрески заедно со вработени во локалната меѓу кои и Раководител на Одделението за сообраќај и патишта, потоа Раководител на Одделение за комунални дејности, Раководител на Сектор за туризам и локален економски развој спроведувале постапки за јавни набавки спротивно на законските прописи со привилегирање и во корист на повеќе правни и физички лица блиски до нив. aleksandar petreski

Според деталите кои ги објави МВР, управители на приватни фирми  изготвувале и доставувале  фактури со невистинита содржина до локалната самоуправа а изведувале градежни работи во 2007 година по усна наредба на градоначалникот без да биде објавен тендер. Отпосле градоначалникот објавувал тендери во кои биле содржани и предходно извршените работи. Фирмите доставувале фактури за неизвршени работи но ги опфаќале и веќе преходно направените зафати за кои немало тендери. Сето тоа било помогнато  од страна на вработени во општината одговорни  за надзор на спроведени постапки за јавни набавки кои со свој потпис потврдувале како да се извршени „непостоечки градежни и други услуги“.мвр
Според обезбедените докази од МВР оваа криминална група била предводена од првоосомничениот екс градоначалникот ан Охрид и во периодот од 2007 до месец Март 2013 година со криминални дејствија го оштетиле Буџетот на Општина Охрид за 47.869.817 денари, а се стекнале со противправна имотна корист од 148 и пол милиони  денари од спорни јавни набавки. Само првоосомничениот Петрески зел околу 2 милиони денари лична корист. Покрај ова, Петрески  се товари и дека побарал и примил поткуп во вкупен износ од 734.641денари.
Осомничените се во Кривичниот суд и се распрашуваат во големата судница за судење дела од организиран криминал.Се очекува судија за претходна постапка доцна вечерва да донесе одлука за притвор.

{loadposition content9}