Критериумите за лиценца за туристички водич се заоструваат
Критериумите за лиценца за туристички водич се заоструваат.
Критериумите за добивање лиценца за туристички водич се заоструваат. Ова го бараа туристичките водичи кои егзистираат исклучиво од оваа дејност. Измените во Правилникот за полагање и стекнување лиценца за работа досега беа пропратени со низа слабости. Професијата туристички водич на некои не им беше приоритетна туку дополнителна заработка и многумина од нив беa пасивни, вели претседателот на охридското здружение на туристички водичи и придружници „Кеј“, Климент Наумов. Кандидатите кои имаат сериозни намери квалитено да се посветат на оваа дејност сега ќе се пријавуваат само два пати годишно, предавањата ќе ги слушаат цел семестар и ќе полагаат практичен дел. Половина од туристичките водичи немаат познавање на странски јазик кој досега не беше здолжителен во стекнување на лиценца за работа. Измените беа неопходни за да се добие квалитетен профил на туристички водич, додава Наумов.
„Оправдано е да се стави акцент на пошироко познавање на историјата, не само на нашата, туку и на европските држави и на светската историја. Мора да се направи линк да се знае ако нешто се случувало во 15 век во Македонија, што се случува и надвор, има причинско последични врски“, напоменува Наумов.
Министерството за образование и секторот за туризам и Mинистерството за економија, ги инициираа овие промени по барање на туристичките водичи. Прифатена беше понудената програма изработена од експерти од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.
Се водевме од фактот усогласување на критериумите за стекнување на лиценца за туристички водич со европските стандарди, напоменува деканот на ФТУ Проф д-р Сашо Коруноски.
„ Има неколку новини што се важни и кои ќе го подобрат квалитетот на туристичките водичи во земјава. Прва новина е што полагањето за туристички водич ќе е поврзано со слушање на курс со предавања и број на часови и ќе трае еден семестар. Сите вакви определби се услогласени со европските критериуми и оној што ќе ја стекне лиценцата ќе има право да води групи низ државите од Европската унија“, посочува деканот Коруноски.
Цената за теоретскиот дел ќе остане иста 15.000 денари, а помал износ ќе се плаќа за практичниот дел.
Се очекува измените да стартуваат од месец април. Во моментов охридското здружение на туристички водичи и придружници „Кеј“ брои 160 водичи, а 70 проценти од регистрираните водичи не го работат она за што полагале, кажува Наумов. На ниво на Македонија, пак се евидентирани околу 500 туристички водичи.
{loadposition content9}