Skip to main content

Кривична пријава против охриѓанец за „насилство“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот Б.Н. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“.

 |   | 
Полиција

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот Б.Н. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“.

Тој, на втори август 2021 година, на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид со патнички автомобил „Пежо“ со струшки регистарски ознаки, удрил во паркиран автомобил „Шевролет Каптива“, сопственост на 47-годишниот Д.Т. од Охрид и физички го нападнал, му се заканувал со остар предмет, а агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои вршеле службени дејства и се обидел физички да ги нападне – информираат од СВР Охрид.