Skip to main content

Кривична за 62-годишна жена поради „бесправна градба“ во Пештани

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.А. (62) на привремена работа во Германија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба”.

 |   | 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.А. (62) на привремена работа во Германија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба”.

Пријавената, на сопствена катарстарска парцела во селото Пештани, без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен државен орган и спротивно на другите одредби од Законот за градење, изградила објект за домување. При инспекциски надзор извршен на 05.01.2022 година, овластен градежен инспектор при општина Охрид, донел решение за отстранување на градбата – информираат од СВР Охрид.