Кривична за охриѓанец кај кого е пронајден Амфетамин
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М. (61) од Охрид.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М. (61) од Охрид.
По претходно обезбедена наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што во пластичен сад, пронајдени се две најлонски паковки со прашкаста материја. Со вештачење, утврдено е дека се работи за синтетичка дрога амфетамин, класифицира во Листа II на забранети опојни дроги и психотропни супстанци. Дополнително, пронајдена е уште една паковка со мешавина од бензокаин и фенацетин кои не се класифицирани во листите на контролирани наркотични дроги и психотропни супстанци но на илегалниот пазар се користат како додаток во некои дроги со цел зголемување на нивната маса.
Пријавениот К.М. е добро познат на службата против кого, за истото кривично дело, досега биле поднесувани повеќе кривични пријави. Тој е на издржување затворска казна во Казнено поправната установа „Теферич“ во Струга.
Инаку, амфетаминот е психотропна супстанца која има силни и директни негативни физиолошки и психички ефекти врз човечкиот организам. Предизвикува зголемен крвен притисок, забрзан пулс, зголемена температура, забрзано дишење, кожни инфекции и сл. Постојаната употреба на амфетаминот води до оштетување на мозочните клетки, параноидна состојба, загриженост, растревоженост и психички симптоми кои можат да прераснат во неконтролирана силна агресија.