Skip to main content

Кривична за охриѓанец кој сакал да препродава марихуана

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А. (28) од Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А. (28) од Охрид.

svrПри претрес извршен во два стана во Охрид што ги користел пријавениот, пронајдени и одземени се 80 семки од растението Cannabis sativa.

Откако набавил одредена количина опојна дрога марихуана, пријавениот Г.А. во својот дом ја препаковал во помали количини со цел понатамошна препродажба на наркозависници од Охрид а дел оставил за лична употреба.

На 09-ти ноември минатата година во 19 часот и 30 минути, на улицата ,,Кленоец“ во Охрид, полициските службеници го сопреа неговото патничко возило марка ,,Ауди“ што тој го управувал и при преглед во преграда во предната врата пронајдоа хартиена паковка со марихуана наменета за натамошна продажба. Пронајдената опојна дрога е одземена и предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.