Skip to main content

СВР Охрид

Кривична за 30-годишен охриѓанец, бил фатен со кокаин па ја проголтал опаковката

Од најновиот билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Кокаин

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик.

– Тој, на 7-ми март 2025 година, во 17:10 часот, од лице од Охрид, набавил кокаин, по што бил пресретнат од полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога. Притоа, лицето, со намера да го спречи пронаоѓањето на опаковката со кокаин како предмет за докажување на кривичното дело, ја проголтал, по што бил пренесен во Општата болница во Охрид, информираат од СВР Охрид.