СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.
„При контрола, извршена на 03.11.2023.година, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога го затекнале пријавениот во близина на неговиот дом во Охрид и при извршен преглед, кај него пронашле и одзеле кокаин. “ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.