Кривична пријава против 37-годишна охриѓанка за одземање дете
Пријавената не ја вратила малолетната ќерка во договорениот рок кај нејзиниот сопруг, на кого детето му било доверено на грижа, издржување и воспитување.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишна жена од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање дете“, предвидено во член 198 од Кривичниот законик.
Според информациите од полицијата, настанот се случил на 9 октомври 2026 година, кога пријавената не ја вратила малолетната ќерка во договорениот рок кај нејзиниот сопруг, на кого детето му било доверено на грижа, издржување и воспитување.
По целосно документирање на случајот, против жената е поднесена соодветна кривична пријава.




