СВР Охрид
Кривична за 42 годишен охриѓанец во чиј дом била пронајдена марихуана
При претресот било констатирано дека пријавениот на лице од Охрид овозможил да користи марихуана во неговиот дом, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” и „овозможување употреба на наркотични дроги”.
„При претрес во неговиот дом, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана. Исто така, при претресот било констатирано дека пријавениот на лице од Охрид овозможил да користи марихуана во неговиот дом.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


